ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ ЗА ВЛАШКИОТ ЈАЗИК И КУЛТУРА

Main Content

зА ПРОЕКТОТ

Во рамките на билатералната соработка помеѓу МАНУ и САНУ кон крајот на 2018 година започна реализација на заедничкиот проект Семејно помнење и културно наследство: Ароманци (Цинцари, Власи) во Србија и Македонија. Проектот се одвива на територијата на Србија и Македонија и се однесува на системско мапирање и архивирање на семејното помнење на ароманските семејства, пред сè по пат на интервјуа и собирање аудио и визуелни материјали поврзани со ароманскиот (влашкиот) јазик и култура. Во рамките на проектот се вршат заеднички истражувања и собирање материјали кои се дигитализираат и се вклучуваат во дигиталниот архив на ресурси за проектот. Сето тоа ќе придонесе кон создавање на една голема база на податоци за семејното помнење на ароманските семејства поврзани со ароманската традиција и култура на териториите на Србија и Македонија.

Една од целите на проектот е поставување интернет страница со дигитални материјали (книги, текстови, фотографии, документи, аудио и видео записи) кои ќе претставуваат значајни ресурси не само за зачувување на влашкиот јазик и култура, туку ќе овозможат и понатамошни проучувања на еден јазик и култура кои оставиле длабока трага во овој регион на Балканскиот Полуостров.

МАНУ

Раководител на проектот:
доп. член Марјан Марковиќ, ИЦАЛ – МАНУ, marjan@manu.edu.mk

Координатори на проектот:
проф. д-р Јоана Хаџи-Лега, главен соработник joana_77_99@yahoo.com
проф. д-р Даворин Трпески davorin777@gmail.com

Соработници на проектот:
м-р Јана Михаилова mihailova_jana@yahoo.com
Марија Николова mnikol_2002@yahoo.com
м-р Николче Мицкоски nmickoski@manu.edu.mk
проф. д-р Виктор Фридман, меѓународен консултант

САНУ

Раководител на проектот:
Академик Тибор Варади, САНУ

Координатори на проектот:
Др Младена Прелић, ЕИ – САНУ
Лила Кона, СЦД Луњина
Др Љиљана Гавриловић ЕИ – САНУ

Соработници на проектот:
Проф др Јулијана Вучо, Филолошки факултет Београд;
Др Мирослава Лукић Крстановић ЕИ –САНУ,
Др Гордана Благојевић ЕИ – САНУ,
Проф др Предраг Мутавџић, Филолошки факултет Београд;
Мр Зорица Дивац СЦД Луњина / ЕИ – САНУ.